„Привилегија е да се игра за Сити“ – Ова го изјави Гундоган по потпишувањето на новиот договор со Манчестер Сити.

Играчот за врска по пристигнувањето на „Етихад“ од Борусија Дортмунд се наметна во играта на Сити и стана незаменлив член во составот на Гвардиола.

Манчестер Сити одбраната на титулата во Премиер лигата ќе ја започне утре со гостувањето кај Вест Хем.