Фудбалерите на Лил го освоија трофејот во Суперкупот на Франција, откако со одличен гол на Жека го победија ПСЖ со 1-0. Меѓутоа, натпреварот го одбележаа свирежите од трибините на стадионот во Тел Авив упатени до фудбалерот од Париз, Ахраф Хакими.

Имено, Израелската публика негодуваше за поддршката на Мароканецот за Палестина во мај годинава. На социјалните мрежи напиша „Слободна Палестина“, од што Израелците негодуваа.

Инаку, ова беше деби на Хакими за париските „Светци“, меѓу кои пристигна од Интер во трансфер вреден 60 милиони евра. Претходно, Мароканецот играше за Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.