ПСЖ и натаму со максимален ефект во Лига 1, се намачи, но го победи Мец со 2-1, а решавачки беше голот на Хакими во 95 минута.

Хакими беше двоен стрелец за ПСЖ, во 5 и 95 минута, за седум од седум на „светците“, Мец израмни во финишот на првиот дел преку Којате, но не издржа на крајот.

ПСЖ на оваа средба настапи без Меси кој е повреден.