Борусија Дортмунд го совлада ПСЖ со 2-1, во привиот осминафинален меч од Лигата на шампиони. До оваа предност „милионерите“ стигнаа пред се благодарение на Халанд кој беше автор на двата погодоци за нив.

Она што е интересно што трите голови беа видени во вторите 45.минути, а резултатот го отвори Норвешкото „чудо од дете“ во 69 минута.

ПСЖ експресно се врати преку Нејмар за само 3 минути игра, а веќе во следната акција домаќините со евро-гол на Халанд стигнаа до нова предност. Бразилецот во финишот на мечот имаше колосална шанса, но „биеше“ само во стативата.

Реванш мечот се игра за две седмици на „Стат Д’ Франс“