Борусија Дортмунд ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт Франкфурт и славеа со убеливи 4-0. Со оваа победа „милионерите“ ги залечија раните од шокатниот пораз минатото коло од Баер Леверкузен кога за само три минути примија два гола и го загубија тој меч.

Вечерва повторно одлични во составот на Дортмунд беа Санчо и Халанд кои по еднаш се запишаа во листата на стрелци, додека другите два погодоци ги постигнаа Пишчек и Гереро.

Со оваа победа Борусија изби на втората позиција на табелата зад Баерн Минхен кои имаат и натпревар помалку.