Борусија Менхенгладбах славеше голема и важна победа против Борусија Дортмунд во 18 коло од Бундес лигата.

Домаќинот победи со 4:2 во натпревар на кој Елведи постигна два гола во првото полувреме за победникот а за „Милионерите“ прецизен на двапати беше Халанд.

Во вториот дел Бенсебаини му донесе водство на тимот на Менхенгладбах во 49 минута а конечните 4:2 ги постави Турам со гол во 78 минута.

Ова беше втор пораз во низа за „Милионерите“ додека за Менхенгладбах четврта победа на последните пет меча во Бундес лигата.