Фудбалерите на Борусија Дортмунд со голот на Ерлинг Халнд во 95.минута стигна до важни три бода на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф и ги сочува теоретските шанси за титулата.

Норвежанецот постигна преубав гол со глава со кој по кој знае кој пат ја потврди својата светска класа.

 

Волфсбург и покрај позитивата од 2-0, не успеа да го совлада Фрајбург кој со головите на Холер и Салаи стигна до реми.

На преостанатите натпревари Херта загуби од Франкфурт, Вердер славеше кај Падерборн и Унион Берлин го совлада Келн.