Тинејџерската сензација ,Ерлинг Халанд повторно се запиша во листата на стрелците за Дортмунд но „милионерите“ загубија од Вердер 3-2 и ги завршија натпреварите во Купот на Германија.

Головите за Вердер ги постигнаа, Селке, Битенкурт и Рашица. За Дортмунд погодија Халанд и Рејна. Норвежанецот стигна до осмиот гол во дресот на Борусија.