Трансфер-целта на Манчестер Јунајтед, Ерлинг Халанд покажа дека двомесечната пауза од фудбалските терени не влијаела на него, откако го постигна првиот гол од дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Шалке.

Денеска Бундеслигата и офицјално продолжи, откако Коронавирусот направи да замре фудбалот низ Европа и светот цели два месеци.

Норвежанецот го отвори резултатот по 30.минути игра и по одлична асистенција на Торген Азар. Халанд се држеше до правилата при прославата на голот, односно остана на социјална дистанца од своите соиграчи, избегнувајќи било какви ракувања.