Себастијан Халер ги постигна двата гола на Ајакс во победата од 2:1 кај Бешикташ во петтото коло од Лигата на шампионите. Со првиот израми, а со вториот го сруши голгетерскиот рекорд во Лигата на шампионите.

За 27 годишниот Халер ова беше само петти меч во Лигата на шампионите, но првиот гол на истиот му беше осми, со што се изедначи со Ерлинг Халанд, кој до тогаш беше рекордер по бројот на голови во првите пет настапи во Лигата на шампионите.

Меѓутоа, Халер со вториот победнички гол, стана прв играч во историјата на Лигата на шампионите кој на првите пет меча во натпреварувањето постигнал девет гола.

Халер постигна повеќе од половина голови на совршениот Ајакс, кој има скор од пет пет победи во пет меча во групната фаза од Лигата на шампионите, а вкупниот број постигнати погодици им е 16.