Интер ги разочара своите навивачи, не запиша победа против  Борусија Менхенгладбах, средбата заврши  со 2-2, херој кај  екипата од Милано е  Лукаку кој постигна два гола.

Интер поведе преку Лукаку , но Менхенгладбах израмни преку Бенсебаини од пенал.

Борусија Менхенгладбах поведе со голот на  Хофман во 84 минута, се чинишедека е на повидок победа за тимот од Германија.

Конечните 2-2 ги постави Лукаку со вториот гол на средбата во 90 минута. Во оваа група Реал Мадрид загуби од Шахтјор со 2-3.