Навивачките групи на Англија и на Шкотска ја продолжија традицијата кога се во прашање нивните физички пресметки пред и по натпреварите на овие две земји.

Британската полиција уапсила 30 навивачи по мечот на Англија и Шкотска одигран на „Вембли“ во 2 коло од ЕУРО 2020.

Петмина биле уапсени пред стадионот додека 25 мина на плоштадот Лестер. Дел од навивачите биле уепсени поради нарушување на јавниот ред и мир, поради алохолизирана состојба но и поради физички пресметки и напади на полициски службеници.