Дербито помеѓу Спартак Трнава и Слован Братислава требаше да се одигра денеска во Словачка . Сепак, натпреварот беше прекинат пред 15 -та минута.

Причината е конфликтот помеѓу навивачите на овие два големи ривали. Тие влетаа на теренот и започнаа тепачка која траеше неколку минути. Факели и тупаници летаа насекаде.

Судијата ги испрати играчите во соблекувалните, и иако ситуацијата се смири, тој подоцна излезе на теренот и го означи крајот на натпреварот.