Каи Хаверц со два гола учествуваше во победата на Леверкузен на гости кај Борусија Менхенгладбах со 3-1, за него ова беше четврти гол на последните два меча по рестартот на сезоната во Германија.

Младиот напаѓач на Леверкузен е желба на Ливерпул но и Баерн Минхен кој се вклучи во трката за потпис на Хаверц, тој има само 20 години, откупната клаузула е 100 милиони евра.

Ливерпул и Јирген Клоп очајно го сакаат малдиот напаѓач но за тоа ќе мора да платат колку што бара Леверкузен, засега „фармацевтите“ не попуштаат и бараат 100 милиони евра.

Хаверц од друга страна со секој нов одигран натпревар ја потврдува својата екстра класа, покрај Ливерпул и Баерн Минхен, за него се заинтересирани Сити и Челзи.