Екипата на Баер Леверкузен ги освои сите три бода на гости кај Фрајбург, еден гол беше клучен за победата на гостите.

Каи Хаверц повторно се истакна за Леверкузен, погоди во 54 минута од тешка позиција и му донесе триумф на својот тим.

 

 

Ова беше втора победа едно по друго на гостувањата за фудбалерите на Леверкузен, Хаверц, го постигна 11. гол сезонава а вкупно 35 во кариерата во Бундеслигата и стана првиот играч под 21 година со ваков учинок.

Леверкузен се искачи на третата позиција на табелата со 56 бода, Фрајбург останува осми со 38 бода.