Фудбалерите на Херта ја совладаа Борусија Менхенгладбах со 1:0 во 9 коло од Бундес лигата.

Единствениот гол на мечот го постигна Рихтер, кој се покажа како доволен за четврта овосезонска победа на тимот од Берлин.

Во следното коло Херта ќе гостува кај Хофенхајм а Борусија Менхенгладбах го дочекува Бохум.