Екипата на Херта Берлин во рамките на 29.коло од Германската Бундес лига одигра 1-1 на гостувањето во Мајнц и со тоа ја продолжи битката за опстанок која од коло во коло е се потешка за тимот од главниот град на Германија.

Херта важеше за благ фаворит но не успеа да ја оправда улогата што ја имаше и со ова реми остана на 17.позиција на табелата.

Мрежите се тресеа пред финишот на првото полувреме. Прво Херта поведе преку Тусар во 36. минута, додека ремито за домашниот тим го донесе Мвене во 40. минута.

Во вториот дел двете екипи не сакаа да превземат поголем ризик, па остана конечен резултатот од првото полувреме