Во првиот меч од 27.коло во германската Бундес лига Херта славеше со убедливи 4-0 над Унион Берлин во градското дерби на Берлин.

Интересно е тоа што сите голови беа постигнати во второто полувреме, во кое домаќините во период од 10.минути стекнаа предност од 3-0.

Резултатот го отвори Ненад Ибишевиќ во 51.минута, а практично во следната акција Лукебакио зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Куња, додека конечните 4-0 ги постави Бојата.

Со оваа победа Херта ја потврди добрата форма на стартот од продолжението од Бундеслигата, откако во претходното коло со убедливи 0-3 славеше над Хофенхајм.