Македонскиот сениорски фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов постигна три гола во високата победа на Келн од 16:0 на контролниот натпревар со Бад Дурхајм.

Најмладиот дебитант во историјата на македонскиот репрезенативен сениорски фудбал, реализираше во 53, 71 и во 72 минута.

Ова за Чурлинов беше второ добро преставување во сениорскиот тим на Келн по онаа партија против Фрехен на која го постигна првиот сениорски гол за „јарците“.