Аталанта на крилјата на Марио Пашалиќ ја разби Бреша со 6-2, победа со која тимот од Бергамо го истисна Лацио и Интер од  третата позиција на табелата во Серија А.

Избраниците на Гасперини повторно покажаа дека играат во неверојатна форма и уште по првото полувреме го решија победникот во кое имаа предност од 4-1.

По овој меч Аталанта има 70.бода два повеќе од Интер и Лацио кои имаат и натпревар помалку. На лидерската позиција е Јувентус со 76. поени.