Тимот кој се повеќе не потсетува на Португалија, Вулверхемптон со новата гостинска варијанта на дресови истрча на „Еланд Роуд“ и го совлада Лидс со 1:0 во 5 коло од Премиер лигата.

Единствениот гол на натпреварот кој беше признат го постигна Раул Хименез во 70 минута по додвањето од Килман.

Нашиот репрезентативец, Алиоски не доби шанса во домашниот состав иако беше на клупата за резерви, Биелска денеска посегна по Рафиња, Хернандез и Поведа во второто полувреме.

Во следното коло Вулвс ќе го дочекаат Њукасл а Лидс ќе и гостива на разиграната Астон Вила.