Со голот на Раул Хименез, тимот на Вулверхемптон го совлада Саутемптон со 1: 0, на гости во шестото коло од Премиер лигата.

Мексиканецот замолкна 28.000 навивачи на „Сент Мери“ со одличен гол половина час пред крајот на натпреварот, по асистенција на неговиот голман Хозе Са.

Ова е прв гол на Хименез откако се врати на теренот по фрактура на черепот.

Тој му ја донесе втората победа на Вулверхемптон и на тој начин го извлече од зоната за испаѓање.

Во следното коло Саутемптон гостува кај Челзи, додека Вулверхемптон чека друг ривал во борбата за опстанок – Њукасл.