Црногорските фудбалери го претрпеа третиот пораз во квалификациите за СП 2022 година.

Како гости во групата Г загубија од Норвешка во Осло со 2:0  а бидејќи Холандија убедливо славеше дома против Гибралтар со 6:0, Црна Гора сега заостанува осум бода за избраниците на Луј ван Гал.

Натпреварот на стадионот „Улева“ не беше премногу возбудлив, а ВАР пресуди дека Норвежаните ќе ги добијат бодовите.

Во 29. минута, Стефан Страндберг со глава ја упати топката кон Мохамед Еjунуси, кој го совлада голманот на Црна Гора а истиот играч го постави конечниот резултат.

Натпреварот помеѓу Летонија и Турција заврши со победа на Турција од , 1:2 со гол дури во 98.минута.

Летонците поведоа во 70. минута со автоголот на Митхат Демирел, а шест минути подоцна, напаѓачот на Фенербахче, Сердар Дурсун погоди за 1:1.

Илмаз ја донесе победата со пенал во 98.минута

Очекувано, Холанѓаните лесно дојдоа до убедлива победа над Гибралтар на стадионот „Де Куипе“ во Ротердам.

Мемфис Депај беше во центарот на вниманието, постигна два гола во 21. и трета минута од првото полувреме од пенал, а еден промаши во 19. минута.

Вирџил ван Дајк го постигна водечкиот гол за „Лалиња“, тоа беше негов прв гол за националниот тим од март 2019 година.

Во второто полувреме, Дамфрис погоди во 48. минута, Дањум во 75. минута и Дониел Мален во 90. минута.

 

Во групата Е, Чешка славеше како гостин против Белорусија со 2: 0 (1: 0)  со головите на Патрик Шик , додека  Велс исто така постигна победа , исто така како гостин, против репрезентацијата на Естонија со погодокот на Арон Рамзи.