Арсенал загуби на „Емирати“ од Вулверхемптон со 1-2, натпреварот во сенка на хорор повредата на Хименез од гостиснкиот тим.

Хименез и Луис се судрија со главите во 5 минута, подебелиот крај го извлече Мексиканецот кој со носилка беше изнесен од теренот.

Вулверхемптон поведе со голот на Нето во 27 минута, Арсенал израмни преку Габриел три минути подоцна.

Победата на гостите им ја обезбеди Поденс со гол во 42 минута од првиот дел, Арсенал имаше цело второ полувреме да избегне пораз, но „топџиите“ не успеаа во намерата.