Рома го запиша првиот пораз сезонава во Серија А, на гости кај Верона загуби со 3-2, Жозе Мурињо мораше да даде аплауз за третиот гол на домашните.

Давиде Фараони на прекрасен начин погоди во 63 минута, шутираше неодбранливо, ова е голчиштето кое го постигна играчот на Верона.