Фудбалерите на Милан ја продолжија трката со Рома за петото место на табелата во Серија А откако славеа на гостувањето кај Сампдорија со 4:1 во претпоследното овосезонско коло.

Златан Ибрахимовиќ го отвори резултатот во 4 минута по додавањето од Анте Ребиќ.

На 2:0 за Милан зголеми хакан Чалханоглу по асистенцијата на Ибрахимовиќ во 54 минута.

Четири минути подоцна Швеѓанецот го постигна својот втор гол на овој натпревар, девети оваа сезона.

Домаќинот намали преки Аскидсен во 87 минута а во листата на стрелци за Милан се запиша и Леао во 92 минута.

Во последното коло од оваа сезона во Серија А, Милан ќе го дочека Калјари.

Standings provided by SofaScore LiveScore