Милан води по првиот дел против Интер со 1-0, голот е дело на Златан Ибрахимовиќ во 31 минута.

Пред крајот на првото полувреме можеше да дојде до тепачка меѓу Лукаку и Ибра, Белгиецот беше срушен од Ромањоли, тргна да се пресметува со него па налета на провокација од Швеѓанецот.

Разменија по некој збор, Ибра го испровоцира Белгиецот, наскоро ќе имаме и „превод“ од кажаното меѓу двете ѕвезди на Интер и Милан.