Златан Ибрахимовиќ повторно беше клучен играч кај Милан, клубот од Милано запиша победа портив Наполи на гости со 1-3.

Швеѓанецот погоди во  20 и 54 минута, за Милан гол постигна Хауге кога ги постави конечните 1-3, претходно Мертенс намали на 1-2.

Елиф Елмас влезе во игра во 90 минута. Ибрахимовиќ со овие два гола успеа да израмни рекорд во Серија А.

Швеѓанецот е четврти играч во калчото кој успеал да се запише во листата на стрелците на шест меча на кои настапи, во ерата кога за победа се добива по три бода. Претходно ова им успеа на Пјонтек со Џенова (2018-19), Виери со Инер (2002-03) и Батистута со Фиорентина (1995-95).

Милан со победата во Неапол е на првата позиција со 20 бода пред Сасуоло кој има 18 на второто место.