Златан Ибрахимовиќ често е креатор на комични изјави и ситуации, а овој пат на негова мета се најде Бастијан Швајнштајгер.

Фудбалерите се сретнаа на подготовките за Ол-Стар натпреварот во МЛС Лигата во Орландо, а Ибра не ја пропушти шансата да се пошегува со Швајни.

„Изгледаш добро како за 50 годишник“ – му дофрли Ибрахимовиќ.

Друштво на повторната заедничка средба на соиграчите на теренот им правеше и Вејн Руни.