Милан и Златан Ибрахимовиќ се во интензивни преговири за враќање на Швеѓанецот во Милано, дали ќе има договор ќе се знае на почетокот од декември.

Милан му понуди 6 милиони евра за 18 месеци на Ибрахимовиќ, тој сака престој во Милано само една полусезона. Во трката со времето, „росонерите“ размислуваат за подобра понуда и Швеѓанецот веднаш да им се стави на располагање.

Дел од навивачите на Милан не ја поддржуваат одлуката на  клубот да инвестира во играч кој има 38 години, сепак на екипата и е потребен Ибрахимовиќ, дрзок и упорен, ја познава калчо лигата, и може да помогне многу за излез од резултатската криза, смета раководството на клубот.