Агим Ибраими и Шкендија се елиминирани од квалификациите од Европа лигата, нерешените 1-1 со Дуделанж на реваншот значеа крај за тимот од Тетово на меѓународна сцена.

Агим Ибраими заработи црвен картон на овој меч во последните моменти од средбата, со глава го удри главниот судија, исфрустриран од резултатот  и елиминацијата.

Медиумите од регионот овој потег го оценија како скандалозен, Ибраими и Шкендија се соочуваат со казна од УЕФА по овој инцидент во Луксембург.