Шкендија го совлада Ботошани со 1-0 на гости, двата клучни моменти на мечот се голот на Бесарт Ибраими во 2 минута  и одбраната на Костадин Захов во 72 минута од натпреварот.

Ибраими погоди на велемајсторски начин, Захов одбрани како „пантер“ и ја спаси Шкендија во 72 минута.

Шкендија на 24 септември го пречекува Тотенхем во Скопје во третото квалификациско коло.