Елиминацијата од Дуделанж најтешко ја прифати Агим Ибраими кој не можеше да се помири со завршеното европско лето. Ремито на гостувањето кај Дуделанж од 1:1 не беше посакуваниот епилог за македонскиот првак.

Исклучувањето на Муслиу не ја спречи Шкендија да се обиде да дојде до изрманување. Бесарт Ибраими погоди во 92 минута но на ова следуваше нова вербална пресметка со судијата откако Нафиу беше испратен во соблекувалната а на ова стрелецот на израмнувачкиот гол одговори со напад над главниот арбитар по што и тој заработи црвен картон.

„Сликата“ од Лускембург може да значи и дополнителна дисциплинска постапка од УЕФА и казна за Шкендија за однесувањето во завршните минути од дуелот.