Флик реши да му даде шанса во почетниот состав на Џамал Мусиала а 17 годишниот англичанец на ова одговори со гол за Баерн Минхен во првото полувреме на гостувањето кај Лацио во осминафиналето од Лигата на шамионите.

Со овој гол, Мусиала стана најмладиот Англичанец кој постигнал во елитата на УЕФА.

Баерн Минхен на полувреме замина со предност од 3:0 против Лацио, прецизни беа и Левандовски и Сане.

На вториот денешен одминафинален натпревар во ЛШ, Атлетико Мадрид и Челси по 45 минути одиграа без голови.