Манчестер Јунајтед го победи Дерби Каунти со 3:0 на „Прајд Парк“ во осминафиналето во ФА Купот на Англија и си закажа четвртфинална пресметка со Норвич.

Лук Шо го отвори резултатот во 33 минута а потоа на сцвена стапи новото засилување на „Ѓаволите“, Игало со два гола во 41 минута и 70 минута.

 

 

Во домашниот состав настапи легендата на Јунајтед, Вејн Руни кој имаше две прекрасни шанси од слободен удар но Ромеро успеа да ги одбрани.

Во четвртфиналето од ФА Купот ќе играат:

Лестер – Челси
Норвич – Манчестер Јунајтед
Њукасл – Манчестер Сити
Шефилд Јунајтед – Арсенал