Манчестер Јунајтед поведе со 1:0 на гостувањето кај Ласк во воведниот натпревар од осминафиналето во Европа Лигата на УЕФА на натпреварот кој вечерва се гира во Пашинг.

Нигериецот одлично ја исконтролира топката во 28 минута а потоа биеше прецизно за водство на „Ѓаволите“ кои со 1:0 заминаа на пауза по првото полувреме.

Натпреварот се игра без публика поради мерките за справување со Коронавирусот.