Лукас Пакета доби жолт картон во завршницата од мечот на својот Лион против Троја, каде победија со 3:1, поради обид за дриблинг.

Пакета се обиде преку главата на противникот да ја префрли топката и да го изведе дриблингот познат како „rainbow flick“, но противничкиот играч успеа да ја исфрли топката во аут. Тогаш судијката Стефани Фрапар за запре играта и во неверување на фудбалерот на Лион му даде жолт картон поради понижување на соперникот.

За ова реагираше и Нејмар.

„Многу тажно… Да добиеш жолт картон поради дриблинг. Дриблингот и дриблинг, небитно во кој дел од теренот и во која минута се изведува. Слично мене ми се случи минатата сезона. Не ги разбирам причините. Изгледа дека дојде крај на славната Жога Бониот. Уживајте додека уште можете“– изјави Нејмар.