Интер поразен од Јувентус во Милано на „Дербито на Италија“, сега „старата дама“ е лидер во калчото по освоените три бода во Милано и е единствената екипа без пораз.

Јувентус поведе преку Дибала  уште во 4 минута, Аргентинецот искористи контра, шутираше низ нозете на Шкрињар и го совлада Хандановиќ.

Интер израмни од пенал, Де Лигт играше со рака, Роки покажа на пеналтикот, Лутаро Мартинез шутира неодбранливо за 1-1 по 18 минути игра.

Роналдо успеа да постигне гол но беше поништен, Дибала беше во офсајд, финиш на првиот дел од натпреварот.

По голема борба, Игуаин погоди во 80 минута за водство 1-2 и победа на „старата дама“ со која Јувентус се искачи на првото место на табелата во калчото.