ПСЖ запиша победа со пресврт против Лион 2-1, клучен беше голот на Мауро Икарди во 93 минута.

Лион поведе во второто полувреме со голот на Пакета во 54 минута. Нејмар најави пресврт во 66 минута, а Икарди во 93 минута донесе триумф за ПСЖ.

Лионел Меси беше стартер на мечот, во 76 минута на негово место во игра влезе  Хакими. ПСЖ има 18 бода на првата позиција со максимален ефект во Лига 1, шест од шест.