Аталанта по втор пат и даде четири гола на Валенсија и по втор пат ја победи, вечерва со 4-3, херој Јосип Иличиќ со четири гола.

Словенецот постигна два гола од пенал, два од игра за победа на тимот од Бергамо и историски пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Гамеиро погоди два пати за Валенсија, еден гол постигна Феран Торес.