Удинезе стигна до важна победа во Серија А откако ја совлада Рома во Рим со 2:0 во 29 коло.

Ласања го отвори резултатот во 12 минута за 30 минута Рома да остане без исклучениот Пероти кој заработи директен црвен картон.

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски влезе во игра во 65 минута, а во 78 минута го постигна вториот овосезонски гол во Серија А, прв по пауза од 17 натпревари во Италија (15 натпревари во Серија А) за водство и победа на Удинезе од 2:0.

Ова беше прва победа за Удинезе по онаа над Сасуоло на 12 јануари во 19 коло од Серија А.

Standings provided by SofaScore LiveScore