Шкендија убедливо го совлаа Шкупи со 4-0, а денешниот меч го одбележа Бесарт Ибраими. Напаѓачот на тетовци влезе во историјата на македонскиот фудбал, откако стана најдобар стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига.

Со двата денешни погодоци уште во првото полувреме  Ибраими успеа да стигне до бројката од 167 постигнати гола во Првата лига минувајќи го досегашниот лидер на оваа листа, Баже Илијоски кој има 166 погодоци во Првата лига.