Четири натпревари се на програмата во саботниот вечерен термин од последното коло во Серија А.

Фокусот е на дербито во Бергамо и во Наполи. Интер води на гостувањето кај Аталанта со 2:0, вториот гол на Јанг е вреден за издвојување.

Чиро Имобиле, новата златна копачка во Европа и Италија, постигна уште едне гол. Напаѓачот на Лацио реализираше на гостувањето кај Наполи за израмнување 1:1. Ова е 36 гол на Имобиле оваа сезона во Серија А.

На останатите два натпревари, Милан води против Калјари со 1:0 а Рома има предност кај шампионот Јувентус од 2:1.