По Реал Мадрид, и Барселона остана без пласман во полуфиналето од Купот на Кралот во Шпанија.

Атлетико Билбао со голот на Инаки Вилијамс во 93 минута го приреди третото изненадување во четвртфиналната фаза во која елиминирани беа Валенсија, Реал Мадрид и Вилјареал.

Барселона доминираше, имаше двојно повеќе шанси и посед на топката но тоа не беше доволно за да избегне шок на „Сан Мамеш“

Во полуфиналето ќе играат: Реал Сосиедад, Атлетик Билбао, Мирандес и Гранада.