Несекојдневен инцидент се случи во англискиот Чемпионшип кога играч на Престон во два наврати  зграпчи противнички играч за неговиот полов орган.

Инцидентот го предизвика 26-годишниот дефанзивец на Престон Дарнел Фишер оставајќи го напаѓачот на Кардиф Калом Патерсон целосно збунет.

Англиските медиуми јавија дека на Фишер му се заканува сериозна казна.

Сличен инцидент во Англија се случи во февруари 1988 во кој беа вмешани легендите Пол Гаскоњ и Вини Џонс за време на мечот меѓу Њукасл и Вимблдон.