Наполи предводен од Инсиње ја совлада Болоња со 3:1 во 26 коло од Серија А, во натпревар на кој големото засилување во нападот, Осимхен покажа зошто беше купен во тимот на Де Лаурентис.

Инсиње го отвори резултатот во 8 минута по додавањето до Зиелински.

На 2:0 зголеми Осимхен откако успеа да претрча триесетина метри а потоа успешно да бие, асистент одново беше Зиелински.

На ова следуваше одоговор од Болоња, Сориано намали на 2:1 во 73 минута а Инсиње со својот втор гол на мечот во 76 минута ги постави конечните 3:1.

Елиф Елмас влезе во игра во 79 минута на местото на Инсиње. Во следното коло Наполи ќе гостува кај Милан.

Standings provided by SofaScore LiveScore