Интер со еден гол ја победи незгодната Аталанта во Милано, решавачки беше голот на Шкринјар во второто полувреме.

Аталанта имаше три неверојатни шанси во првото полувреме, но можеше да прими  и автогол откако Ромеро  за малку ќе го совладаше својот голман, сакаше да ја исфрли топката во дуелот со Лукаку, ама го погоди својот гол, за негова среќа голманот Спортиело реагираше како централен дефанзивец и со глава ја исфрли топката во корнер.

Во второто полувреме, Интер стигна до предност со голот на Шкринјар во 54 минута, дефанзивецот на екипата од Милано најдобро се снајде во нападот.

Интер е лидер со 62 бода пред Милан кој има 56, Јувентус има 52 на третото место, додека Аталанта со 49 бода е на 5 позиција.