Интер со сигурна победа од 3-0 ја прегази Џенова, Горан Пандев влезе во игра во 62 минута, но неговиот тим го напушта Милано без бодови.

Лукаку ја стресе Џенова уште во првата минута, потоа следуваа голови во вториот дел на Дармијан и Санчез за сигурен триумф со три гола.

Интер е прв со 56 бода пред Милан кој на второто место има 49, но и средба помалку, вечерва се среќава со Рома.