Без многу напор, фудбалерите на Интер дојдоа до 11 победа оваа сезона во Серија А и со ова останаа на еден бод негатива зад лидерот Јувентус на првенствената табела.

Лаутаро Мартинез, Де Вриј и Лукаку ги постигнаа головите во победата од 3:0 на гостувањето кај Торино.

 

 

Интер му дозволи домаќинот да го има поседот на топката но успеа добро да ги искористи шансите пред голот на Сиригу.

Во следното коло од Серија А, Интер го дочекува Спал а Торино ќе и гостува на Џенова.