Антонио Конте може слободно да се насочи кон останатите трансфер цели ова лето откако ангажманот на Ромелу Лукаку е завршена работа. Напаѓачот ги поздрави навивачите на Интер во дресот на неговиот нов клуб.

Според медиумите од Италија, Лукаку ќе засработува по 8 милиони евра по сезона а Јунајтед од неговиот трансфер ќе заработи од 65 до 85 милиони евра во зависност од неговата форма и бројот на голови кои ќе ги постигне за екипата на Конте.